Тимот со најдобар ефект во регуларниот дел од сезоната, Голден Стејт Вориорс, не дозволи изненадување и дојде до првата победа во првото коло од плејофот против Њу Орлеанс од 106-99.
Разликата што ја направи Голден Стејт во првото полувреме (59-41) се чини беше клучна за победата на воините. Сепак гостите не се предадоа се до последната минута кога дојдоа до минус четири поени благодарејќи на Ентони Дејвис кој постигна 20 поени од вкупно 35 поени на мечот. Најдобриот играч на Голден Стејт во текот на целата сезона Стеф Кари не дозволи изненандување и ги запре налетите на гостите постигнувајќи вкупно 34 коша на натпреварот.
Вашингтон е тимот кој прв направи брејк со гостинската победа синоќа на теренот на Торонто по едно продолжение (93-86). Ветеранот Пол Пирс е најзаслужен за победата запишувајќи 20 поени зад своето име. Лошиот старт во плејофот Торонто може да го бара во лошата игра на комплетната прва петорка. Единствениот играч кој има двоцифрен број на поение Де Розан со 15 коша.
Хјустон ја доби првата битка со Далас, славејќи на домашен терен со 118-108. Харден беше најпрецизен со 24 поени, но голем дел од заслугите за победата одат и кај Кори Бруер, кој постигна 13 од своите 15 поени токму во последната четвртина. На гостите од Далас не им помогна ниту одличната шутерска вечер на Дирк Новицки, кој постигна 24 поени со шут од поле 10/14.
Последниот натпревар се одигра во Чикаго каде домаќините славеа рутинска победа над Милвоки со 103-91. Својот прв плејоф натпревар по долг период го имаше и првата ѕвезда на тимот Дерек Роуз кој запиша 23 поени.
Резултати НБА:
Торонто – Вашингтон 86-93, Голден стејт – Њу Орлеанс 106-99, Чикаго – Милвоки 103-91, Хјустон – Далас 118-108.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.