Фустанот, кој Вивијан Ли го носеше кога ја играше Скарлет О`Хара во филмот „Однесено со виорот“ од 1937 година, продаден е на аукција за 137.000 долари.
Аукциската куќа Херитиџ синоќа го понуди на продажба сивиот фустан, но и други предмети од овој филм, награден со Оскар.
Аукцијската куќа наведе дека повеќе од 150 предмети од филмот, вклучувајќи костими и реквизити ги продава Џејмс Тамблин, кој во студиот Јуниверзал работел во одделот за шминка.
Тамблин уште во 1960 почна да собира предмети поврзани со овој филм, а синоќа продадениот фустан го купил за 20 долари на една распродажба на костими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.