| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите бесни на натпис на фустан за тригодишни деца: „Секси сум и тоа го знам“

Родителите се бесни и гневни на еден натпис на фустан за тригодишни девојчиња „I’m sexy and I know it.“ (Секси сум и тоа го знам).

Родители сметаат дека фустанот е одвратен и навредлив и бараат итно да се повлече од продажба.

Фустанот се продава на австриската страна „Ozsale“ за 12 долари, но поради реакциите на социјалните мрежи, ова парче облека сега се нуди со попуст за 3 долари.

Сепак за да дојде до намалување на цената придонеле загрижените родители, кои реагирале откако британската компанија „Let clothes be clothes” ја споделила објавата на својата страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top