–Има начелна поддршка од Светска банка за поддршка на два проекта во Македонија – патот од Ранковце до Крива Паланка, а потоа и до границата со Бугарија, и за гасификацијата во Република Македонија – изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по средбите со претставници на Светска банка во Вашингтон каде што учествува на пролетните средби на СБ и ММФ.
Тој потенцира дека пролетните средби на ММФ и Светска банка се можност за директни средби со раководствата на Светска банка и ММФ, и можност да се добијат повеќе информации за состојбата во европската економија.
– Пораките што оваа година се пренесуваат се дека земјите треба да бидат фокусирани на потикнување на економскиот раст преку различни мерки. Може да се очекува и оваа година дека цените на нафтата ќе останат на ниско ниво, може да се очекува дека стаболноста на цените ќе се задржи и она што треба да се направи во следниот период е да се види како Македонија во тие околности може да оствари повисок економски раст во однос на останатите земји, односно да го продолжи добриот тренд кој заеднички констатиравме со луѓето од Светска банка и ММФ дека е добар и дека Македонија има повисок економски раст од другите земји во регионот – потенцира вицепремиерот и министер за финансии.
Тоа, смета тој, главно се должи на работењето на компаниите и во слободните економски зони и надвор од зоните заради добрата бизнис клима во земјата, како и на поддршката што преку буџетот и капиталните инвестиции во вид на инфраструктурни проекти се реализраше во изминативе две години.
Вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов имаа средби со Извршниот директор на Светска банка Френк Хемскерк, со Регионалниот директор за Југоисточна Европа и Азиската Светска банка Елен Голдштајн, со новиот Извршен директор на ММФ Мено Снел, со новиот шеф на Мисијата на ММФ Џесмин Рахман, како и со Лора Так, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија и ИФЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенцијата за филм рестриктивна во изборот на носители на проекти: Се делат пари на фестивали и луѓе од филмската фела блиски до СДСМ и ДУИ
-
Светска банка за Мaкедонија прогнозира најмал раст во последните години!
-
Светска банка: Македонската економија годинава со пораст од 2,8 отсто
-
Упаѓајте им на јавни настани: Здруженија финансирани од Сорос подготвуваат „шарена офанзива“ против Трамп (ВИДЕО)