Македонската економија, според најновата прогноза на Светската банка, годинава ќе има пораст од 2,8 проценти, следната 3,3 и во 2019 година 3,8 проценти.
Во најновиот извештај Светската банка за годинава предвидува највисок економски пораст во регионот на Косово со 3,9 проценти.
Албанија се прогнозира дека ќе има економски пораст од 3,5 проценти, БиХ 3,2 проценти, Црна Гора 3,3 проценти, Србија 3 проценти и Хрватска 2,9 отсто.
Економијата во 2018 година во регионот треба да има пораст од 4,2 отсто во Косово, 3,7 во БиХ, 3,5 проценти во Албанија и Србија, Црна Гора 3 проценти и 2,5 во Хрватска.
Во 2019 година се предвидува пораст на косовската економија од 4,4 проценти, во БиХ економијата треба да има пораст од 4 проценти, Албанија од 3,8 проценти, Србија 3,5 проценти, Хрватска 2,6 проценти и Црна Гора 2 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.