| четврток, 6 декември 2018 |

Челси славеше во големото дерби против Манчестер Јунајтед (видео)

Chelsea vs Manchester United

Челси е многу блиску до освојување на Премиер лигата оваа сезона откако денеска славеше во големото дерби против Манчестер Јунајтед минимално со 1-0. На шест кола пред крајот Челси има 10 бодови предност пред Арсенал и 11 од денешниот противник. Единствениот гол беше дело на белгискиот интернационалец Еден Азар во 38 минута кој одлично ја искористи шансата пред голот на Де Хеа по додавањето на Оскар.

Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:

Кристал Палас – ВБА 0-2, Евертон – Барнли 1-0, Лестер – Свонси 2-0, Стоук – Саутемптон 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top