Кире Лазаров со својот клуб Барселона се први учесници на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите откако попладнево на домашен терен буквално го демолираа ППД Загреб со 43-21.
Каталонците од самиот старт наметнаа пеколно темпо и од минута во минута го зголемуваа водството за конечни 22 разика. Екипата на Веселин Вујовиќ немаше никакви шанси за евентуален позитивен резултат што ќе беше рамно на сензација.
Македонскиот репрезентативец беше најефикасен во победата на својот тим партиципирајќи со девет погодоци од десет обиди, и заедно со своите играчи до тимот заслужено се најдоа на фајналфор турнирот во Келн.
Со новите девет гола Лазаров стигна до бројката од 99 гола во ЛШ, избивајќи на првото место на листата на стрекците пред Момир Илиќ кој има 94 гола.
Утре се играат останатите три реванш-натпревари од четвртфиналињата, а најзначен за нас е настапот на РК Вардар на гостувањето кај Кјелце. Вардар брка негатива од два гола од првиот натпревар во Скопје. Мечот започнува во 15.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


