| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона и Атлетико Мадрид славеа сигурни победи (видео)

Barcelona vs Valencia

Во дербито во Примера дивизија лидерот на табелата Барселона славеше со 2-0 над Валенсија и со тоа ја зголеми предноста над Реал Мадрид на пет бода на табелата, Реал има натпревар помалку оној со Малага.
По само 58 секунди игра одличниот Луис Суарез кој се наоѓа во врвна форма успеа да ја затресе мрежата на Валенсија и да го доведе својот тим во водство од 1-0 по аистенција на Меси.
Валенсија ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар. Промаши пет-шест стопроцентни шанси, а не реализираа и пенал во 10 минута преку Парехо.
За вториот гол се чекаше се до судиското продолжение кога Меси преку контранапад ја искористи шансата во разретчената одбрана на Валенсија. Во овој период од играта Валенсија тргна на се или ништо и мораше да ризикува.


Barcelona vs Valencia 2-0 All Goals and… by footballhighlights1

Атлетико Мадрид го искористи поразот на Валенсија за да се одлепи на третото место на табелата со денешната победа над Депортиво Ла Коруња на гостински терен од 2-1. Избраниците на Диего Симеоне иако ослабени поради неиграњето на неколку стандардни првотимци со головите на Гризман во 5 и 22 минута рано дојдоа до солидна предност. Единствениот гол за домаќините беше дело на Ориол Риера во 78 минута.


All Goals _ Deportivo La Coruna 1-2 Atletico… by Match-Interview

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top