Екипата на Баерн Минхен на денешното гостување им се врати на победите по незгодниот пораз од Порто во Лигата на шампионите од 3-1. Жртва на „баварците“ денеска беше Хофенхајм кој беше поразен на домашен терен со 2-0.
Првиот гол беше дело на Роде кој ја затресе мрежата во 38 минута, додека конечниот резултат беше постигнат во судиското продолжение со автогол на Блек.
Сега Баерн има 13 бодови предност пред Волфсбург на пет кола до крајот.
Боусија Дортмунд освои нови три бода откако го скрши отпорот на Падерборн во второто полувреме со головите на Мхитаријан, Обамејанг и Кагава. Борусија се искачи на осмото место и е само три бода зад Агусбург и местото кое води во Лигата на Европа следната сезона.
Македонскиот интернационалец Николче Новески ги одигра сите 90 минути за Мајнц, при победата од 2-3 на готински терен против Фрајбург. Воедно, Новески асистираше при вториот гол за својот тим и беше меѓу најзаслужните за оваа победа, со која Мајнц се оддалечи од „опасната зона“ на табелата.
Резултати Германија 29.коло:
Баер Л. – Хановер 4-0, Борусија Д. – Падерборн 3-0, Хофенхајм – Баерн М. 0-2, Херта – Келн 0-0, Фрајбург – Мајнц 2-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



