Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека нема намера да ги коментира провокациите од албанските политичари, бидејќи за Србија е важно да биде столб на стабилноста и оти секогаш ќе има рационален и одговорен пристап.
– Од мене нема да слушнете лоши зборови за нив, херојски изјави за внатрешна употреба, туку рационален пристап, изјави Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека Албанија и Косово ќе се обединат.
Тој додаде дека разговорите со албанскиот претседател Рама и косовскиот премиер Иса Мустафа ќе бидат тешки, но дека нивна работа е да разговараат и да доаѓаат до решенија.
– Наша работа е да градиме патишта и мостови, а не да ги уриваме, и Србија тоа ќе продолжи да го прави, но ќе знае да ја сочува својата земја, територија, национална гордост и достоинство, порача Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Еди Рама им опцу на Србите (видео)
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба