| четврток, 6 декември 2018 |

Петрески панично ветува отпишување на долговите (видео)

Александар Петрески, актуелниот градоначалник на Охрид и кандидат на СДСМ за истата функција, панично, од врата на врати оди и им ветува на граѓаните бришење на комуналните долгови, јави телевизијата „Сител“.

aleksandar petreski

Како што јавува допосничката од Охрид според последните анкети Никола Бакрачески, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ убедливо води, Петрески, според информации на Сител почнал со нов метод.

– Од врата на врата за глас повеќе, градоначалникот од СДСМ, според засега неофицијални информации ветувал дека сите кои ќе гласаат за него ќе им ги опрости комуналните долгови и се за што е надлежна општината Охрид. Ова за него била последната можност за победа над својот противкандидат – јавува Сител.

Според информации на Сител, за ваквите противзаконски активности известено е и МВР. Полицијата веќе започнала истрага и доколку се потврди дека Петрески ветувал отпишување на долгот ќе заработи соодветна пријава, затоа што покрај кршењето на службената должност, со ова го нарушува и изборниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top