Чешкиот тенисер ја докажа врвната форма на мастерс-турнирот во Монте Карло пласирајќи се во финалето по убедливата победа над Французинот Гаел Монфис со 2-0 (6-1, 6-4).
Монфис до ова полуфинале одигра маестрални партии против Федерер и Димитров, но денеска немаше никаква можност за победа против разиграниот Чех кој буквално се му поаѓаше од рака.
Бердих првиот сет го реши во своја корист по само 25 минути игра и со два брејка лесно дојде до водство од 1-0 во сетови.
Во вториот сет единствениот брејк се случи во четвртиот гем кога Бердих поведе со 3-1 и ја сочува предноста до крајот за конечна победа.
Тој во финалето ќе игра со подобриот од новата тениска класика меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


