| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Шишкарев: Ако одиграме како тим можеме да победиме

Десното крило на РК Вардар, рускиот репрезентативец Даниел Шишкарев верува дека неговиот тим може да дојде до изненадување во Кјелце и да оствари историска победа во реваншот што значи пласман на фајналфор турнирот во Келн.

Вардар доцна синоќа пристигна во Полска, денеска треба да одбрати тренинг во салата „Легија“ и утре подготовено да го дочека мечот кој започнува во 15.30 часот. Меѓу ракометарите владее оптимизам и верба во победата. Еден од оние кои верува во победа на Вардар е и Данил Шишкарев, само за тоа ќе биде потребна една тимска игра.

– Направивме анализа на натпреварот, направивме многу грешки во нападот и затоа работевме на тоа да ги подобриме тие недостатоци на мечот во Полска. Очекувам многу тежок натпревар, затоа што Кјелце има предност од два разлика и за нив ќе биде полесно и поради предноста и поради домашниот терен и публиката. Сепак, ако одиграме едно гостување како против Рајн-Некар, ако имаме добра одбрана, добар контра напад и да играме како екипа, мислам дека ќе поминеме добро, можеме да победиме – вели нашето десно крило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top