Албанскиот премиер Еди Рама синоќа го повтори својот став за обединување на Албанија и Косово, кој претходно предизвика реакции на Белград, но и на меѓународната заедница.
– Реков дека обединувањето е нешто неизбежно и неспорно и тоа ќе се случи на патот кон Европа, изјави Рама во интервју за телевизијата Скај Њуз Арабија.
Рама и овој пат повтори дека ако обединувањето на Албанија и Косово не се случи во рамките не ЕУ, тогаш тоа може да се случи на друг начин.
– Другиот начин е можен доколку Европа не се вмеша во стратешките калкулации на балканските држави и во промена на изгледот на Блакнот, јрече Рама.
Како што јави Танјуг, слична изјава за обединување на Албанија и Косово Рама даде и при неодманешното заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за телевизијата Клан Косова.
Рама тогаш рече дека Албанија и Косово ќе се обединат на „класичен начин“, доколку ЕУ не го отвори патот за евроинтеграција на Приштина и за визна либерализација.
– Обединувањето на Албанија и Косово има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ, рече Рама за Клан Косова.
Властите во Белград жестоко реагираа на ваквата изјава, а српскиот премиер Александар Вучиќ тогаш им порача дека Рама и Тачи дека „нема да го исполнат сонот за обединување на Албанија и Косово, без разлика кој и да ги поддржува во тоа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба