| четврток, 6 декември 2018 |

„Вистината “ на Мила Кадриу

mila kadriu

Колекцијата наречена „Вистина“ (Veritas) потпишана од модната куќа MCouture на Мила Кадриу ја доживеа својата премиера вчера, на зајдисонце во скопската винарија „Камник“.

На модниот перформанс во организација на Моден викенд Скопје беа претставени креациите за пролет/лето 2015 односно комбинезони, коктел фустани, кошули, панталони и корсети.

mila kadriu1

– Инспирација за создавање на оваа колекција најдов во самата основна и природна убавина на жената, нејзините највредни одлики од кои таа несебично црпи секојдневна инспирација – вели дизајнерката Мила Кадриу.

Во однос на боите Кадриу објаснува дека белата како боја на вистината е носечка во целата колекција, најбитна по значење и основа за мешање на целиот колорит.

mila kadriu2

Што се однесува до текстилната карта, внимателно се одбрани парчиња на ткаенини кои самите по себе и не се компатибилни. Склоп на памучни и везени чипки, спој на пердуви со тантела, пердуви од ној во комбинација со кристалчиња, лелеави свили принтани и укрутени со материјали кои даваат поинаква форма на моделот, сурова свила, свилени жоржети и брокати.

mila kadriu6

mila kadriu5

mila kadriu4

фото: Ани и Дими

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top