Американскиот претседател Барак Обама и италијанскиот премиер Матео Ренци побараа политичко решение за судирите во Либија, нагласувајќи дека е малку веројатно странските воени операции да ја решат кризата во оваа земја.
– Либија очевидно е предмет на голема грижа, изјави Обама.
Претходно истакна дека тој и Ренци за време на нивниот состанок во Белата куќа не разговарале за евентуални напади со беспилотни летала.
– Нема да можеме да го решиме тој проблем со неколку напади од беспилотни летала или со неколку воени операции. Ние ќе комбинираме контратерористички напори во соработка со италија и други земји кои размислуваат слично во рамки на политичките напори, истакна Обама на заедничката прес-конференција.
Ренци додаде дека „мирот во Либија мора да биде договорен внатре, меѓу инволвираните страни во конфликтот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка
-
Ослободен синот на Гадафи од заробеништво: Дали тој ќе биде новиот лидер на Либија
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите


