| четврток, 6 декември 2018 |

Наставничка снимена како нарачува убиство на ученик со кого имала афера (ВИДЕО)

Русинката Јулија Симонова (52), наставничка по музичко образование, била во врска со 15-годишен ученик.

nastavnicka

Ученикот ја оставил поради врсничка од училиштето, па таа одлучила да му се одмазди и нарачала негово убиство.

Снимена била како од пријателот бара да најде лице кое за сума од 100.000 рубљи, односно 2.000 долари, ќе го мачи и убие Дајман Вања.

На денот кога бил договорен состанокот во градот Шатура, во близина на Москва, наместо платен убиец се појавил полицаец на тајна задача. Симонова, која на Вања му купувала подароци и му давала пари пред да ја прекинат врската, рекла дека сака момчето полека да искрвави пред таа да го “докрајчи”.

nastavnicka1

-Истепај го убаво, бидејќи сакам да трпи неподнослива болка. Сакам да му ги скршиш рацете и нозето, но немој да му го допираш лицето. Шутирај го по бубрезите додека не ги уништиш, сакам да искрвави. Сакам да го видам во ужасна состојба, а потоа ќе му кажам само неколку зборови. Потоа заедно ќе го докрајчиме, му кажала Симонова на полицаецот, мислејќи дека станува збор за платен убиец.

Откако на “убиецот” му ја предала одредената сума на пари, полицајците ја уапсиле во нејзиниот автомобил.

Симонова е во притвор под обвинение за обид за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top