| четврток, 6 декември 2018 |

Покрената иницијатива на банкнотата од 20 долари да се најде лик на жена

Американската сенаторка од Њу Хампшир, Џин Шаин покрена иницијатива за поставаување фотографија на жена на една од банкнотите на доларот.

Шаин иницира законот со кој се предлага сликата на претседтелот Ендрју Џексон на банкнотата од 20 долари, да се замени со фотографија на некоја истакната Американка, јавија американските медиуми.

На краткиот список на потенцијални кандидатки за оваа „позиција“, што беше направен со анкетирање на илјада Американци, се најдоа Роза Паркс, која се бореше против сегрегацијата, некогашната прва дама Елеонор Рузвелт, која до крајот на животот остана активна во политиката и дипломатијата, Хариет Табман, која се бореше за женските права и првата жена-поглавар на Чероките, Вилма Менкилер (Вилма убиецот на мажите).

– Нашите банкноти се важен дел од нашиот секојдневен живот и ги одржуваат нашите вредности, традицијата и историјата, напиша Шаин, додавајќи дека е додено времето „на тој начин да им се оддаде признание на жените“.

Според податоците на американскиот монетарен завод, три жени до сега биле на монетите. Писателката и активистка Хелен Келер, прва глува и слепа личност која стекна академско образование, била на монета од 25 центи од Алабама, а на ретко користената монета од еден долар биле Сакагавеа, Индијанка која работела како водич на експедиции и Сузан Б. Ентони, која се залагала за вклучување на жените во политиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top