| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Најопасните лидери на ИД доаѓаат од Скандинавија

Сирискиот претседател Башар ел Асад предупреди дека постои зголемна закана од „скандинавските исламски екстремисти“, кои во голем број се борат на страната на џихадистичката група Исламска држава во Сирија. ­

– Заканата од тероризмот не треба да се смета како домашна или локална, бидејќи тој претставува глобален феномен, изјави Асад во интервју за шведскиот весник „Експресен“, додавајќи дека „најопасните лидери на ИД во Сирија се Скандинавци“.

Асад, во чија земја веќе четири години се води граѓанска војна во која загинаа над 200.000 лица, предупреди дека постои зголемена опасност од исламскиот тероризам во Шведска и цела Европа. ­

– Се додека тероризмот се развива во европските држави, Шведска не може да биде сигурна. Се додека предворјето на Европа, особено Медитеранот и северна Африка, се во хаос и полни со терористи, Европа не може да биде сигурна, нагласува Асад во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top