| четврток, 6 декември 2018 |

Рибар пропаднал во жив песок, штипските пожарникари го спасиле

Штипските пожарникари попладнево спасиле 64-годишен риболовец кој пропаднал во наносите од кал во реката Брегалница кај селото Софилари.

 

Неговите колеги рибари, но и мештаните од селото два часа се обидувале да му помогнат и да го извлечат со лопати, јажиња и дрва, по што ги повикале на помош пожарникари.

 

Командирот на Одделение при ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека за 10 минути го спасиле заглавениот рибар во живата песок.

 

– Тројца пожарникари го спасуваа рибарот, кој беше заглавен во жив песок. Ова е првпат пожарникари да интервенираат во ваков случај. Човекот беше во паника кога дојдовме, бидејќи претходно неговите колеги и жителите на селото се обидувале не не успеале да му помогнат, вели Коцев.

 

Пожарникарите апелираат рибарите да внимаваат како се движат покрај реката бидејќи поради поплавите на брегот е донесен песок и мил во големи количини.

 

Жителите на селото и риболовците велат дека ова е првпат во реката Брегалница човек да заглави во жив песок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top