Руското Министерство за енергетика заедно со Грција продолжува да ги разгледува можностите за нејзино приклучување кон гасоводот „Турски тек“, изјави денеска рускиот ресорен министер Александар Новак.
– Во контакт сме со грчките власти. Вчера разговарав со грчкиот министер – истакна Новак, кој одби да коментира дали се работи на евентуално склучување на соодветен договор со Грција за „Турски тек“.
Тој, како што јави ТАСС, не одговори ниту на прашањето дали следната недела ќе отпатува во посета на Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


