| четврток, 6 декември 2018 |

Во Истанбул: Турција и Русија потпишаа договор за изградба на „Турски поток“

Најавата за изградба на „Турски поток“ дојде откако пропадна проектот „Јужен Поток“, преку кој природен гас од Русија преку дното на Црното Море, требаше да се пренесува до Бугарија. Откако, овој план пропадна во 2014 година под притисок на ЕУ, „Газпром“, кој е носител на проектот за изградба на гасовод кон јужна Европа кој би ја заобиколувал Украина, ја промовираше идејата за „Турски поток“

Турција и Русија вечерва во Истанбул потпишаа Договор за изградба на гасоводот „Турски поток“, јави ТАСС.

Договорот беше потпишан по средбата меѓу претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Еродган и Владимир Путин, од страна на министрите за енергетика на двете земји.

Претседателот на Управниот одбор на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер, претходно соопшти дека со договорот се предвидува да бидат изградени две линии на гасоводот од Русија преку дното на Црното Море, до Турција.

Според Милер, изградбата на гасоводот би требало да заврши до декември 2019 година.

Договрот предвидува и гасот што Русија ќе и го доставува на Турција да биде по пониска цена од пазарната.

Најавата за изградба на „Турски поток“ дојде откако пропадна проектот „Јужен Поток“, преку кој природен гас од Русија преку дното на Црното Море, требаше да се пренесува до Бугарија. Откако, овој план пропадна во 2014 година под притисок на ЕУ, „Газпром“, кој е носител на проектот за изградба на гасовод кон јужна Европа кој би ја заобиколувал Украина, ја промовираше идејата за „Турски поток“.

Меѓутоа, овој проект беше замрзнат по кризата во односите меѓу Москва и Анкара, поради соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските вооружени сили над границата со Сирија во ноември минатата година.

Со нормализацијата на односите меѓу двете земји во текот на летово, започнаа да доаѓаат и најави за возобнова на проектот за изградба на „Турски поток“.

Предвидено е морската траса од гасоводот по дното на Црното Море да биде долга 910 километри, а копнениот дел да изнесува 180 километри, Изградбата на „Турски поток“ се проценува да чини 11,4 милијарди евра.

Со планот се предвидува и изградба на втора етапа од гасоводот, која од Турција би продолжувала кон Грција и потоа кон балканските земји и јужна Италија.

Ердоган денеска во обраќање на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул изјави дека изградбата на втората етапа од гасоводот ќе зависи од условите на европскиот пазар за природен гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top