Грција може да добие до три милијарди евра како руски аванс во случај да склучи договор за изградба на транзитен гасовод преку својата територија за испорака на руски гас во рамки на проектот Турски поток, изјави премиерот Алексис Ципрас во интервју за Стар ТВ.
Според него, како реализација на територијата на Грција ќе биде изграден европски енергетски јазол што ќе ја намали цената на енергијата за Грција.
Атина смета дека услов за изградба на гасовод е усогласеност со сите барања на европското законодавство.
Претходно, германски медиуми објавија дека во рамки на договорот со Москва за Турски поток, Атина ќе добие аванс до пет милијарди евра. Но, секретарот на рускиот претседател тоа го демантираше. Директорот на руската компанија Гаспром, Алексеј Милер проценува дека трошоците на Атина за изградба на својот дел од гасоводот ќе бидат околу две милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.