| четврток, 6 декември 2018 |

Талески пушти во употреба водоводна мрежа во Раштани

Градоначалникот на Битола и кандидат за истата функција, Владимир денеска во селото Раштани пуши во употреба водоводна мрежа во должина од два километри, изјавувајќи дека со овој проект се решава еден голем проблем за жителите на ова место.Проектот за снабдување со вода на битолските села започна во декември минатата година.

vladimir-taleski (1)

-Се надевам дека со ова почнуваат ред проекти кои ги правиме заедно со Министерството за транспорт и врски.   Овој настан денес е потврда на континуитетот, за одличната соработката меѓу општина Битола и Владата на Република Македонија – рече Талески.

Проектот чини над 5 ипол милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top