Прометот во индустријата во февруари е зголемен за 11,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст од 16,8 проценти бележи прометот остварен на странските пазари, додека опаѓање од 6,6 проценти има кај прометот остварен на домашниот пазар.
Гледано по сектори, пораст од 5,5 проценти има во секторот Рударство и вадење камен, а од 11,8 проценти во секторот Преработувачка индустрија.
Според главните индустриски групи, пораст за 5,8 проценти има кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 24,2 проценти кај Капитални производи, за 4 проценти кај Трајни производи за широка потрошувачка и за 5,3 проценти кај Нетрајни производи за широка потрошувачка. Опаѓање има кај Енергија за 97 проценти.
Прометот во индустријата во февруари во однос на јануари е зголемен за два процента, додека во периодот јануари-февруари годинава во однос на истиот период лани се бележи зголемување за 8,5 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.