Полицијата приведе четири лица, а по едно интензивно се трага во врска со вчерашното убиство на едно лице на возраст од 30 години што се случи околу 21.00 часот во село Љуботен.
Како што денеска соопшти МВР, синоќа во 22.15 часот во ГОБ „Св.Наум Охридски“ – Скопје бил донесен Џеваир М.(30) од село Раштански пат при што од страна на лекар била констатирана смрт. По извршениот разговор со лицата што го пренеле Џеваир М. во болница тие посочиле дека сторител на убиството е Т.Б.(21) од село Љуботен. Извршен е увид на местото на настанот при што биле пронајдени и подигнати за вештачење траги од крв и еден истрелан куршум. На настанот му претходела расправија и физички напад во попладневните часови на кружниот тек во населба Бутел поради сообраќаен прекшок. Вечерта од страна на семејството на Т.Б. бил повикан Џеваир М. со цел да ги расчистат недоразбирањата. Кога Џеваир М. со својот брат А.М.(23) пристигнале на влезот во селото Љуботен од страна на семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат до во близина на џамијата. Откако пристигнале на местото на настанот и почнале разговор со таткото и двајцата браќа на Т.Б., истиот од нива во близина испукал еден куршум погодувајќи го Џеваир М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка