Групата анархисти кои пред 19 дена го окупираа Ректоратот во Атина за да извршат притисок на Владата беа растерани од страна на полицијата рано изутринава.
Полицијата по налог на државниот обвинител ја обиколи зградата во центарот на главниот град, а во акцијата уапсени се 14 лица.
Евакуацијата следува еден ден после првото гласање во Парламентот со кој е одобрен нацрт кривичен закон со кој се укинуваат затворите со високи безбедносни мерки.
Анархистичкото движење бара Владата да продолжи да ги укинува „безбедносните“ казнени мерки кои ги вовеле претходните влади.
Анархистичкото движење во текот на последните седмици врши притисок на Владата на Алексис Ципрас со окупирање на јавни згради и објекти на партијата Сириза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.