Грчката полиција соопшти дека група анархисти синоќа ја нападнале полицијата со молотови коктели пред полициската станица во центарот на Атина, по што дошло до судири со нив, при што еден полицаец е повреден.
Во нападот на полицијата во Атина учестувале околу 150 лица, соопшти полицијата.
– Во соопштението се наведува дека врз полицајците пред станицата се фрлени околу 20 молотови коктели, кои на тоа возвратиле истрелувајќи шок-бомби и солзавец.
Приведени се седум лица под сомневање дека учествувале во нападот врз полицијата, а во нередите е оштетно едно возило паркирано во близина на полициската станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре