Гонзало Игуаин е таличен за Наполи и кога аргентинскиот ас погодува за тимот од јужниот дел на Италија поразите се мисловна именка.
Напаѓачот на наполитанците постигна погодок против Волфсбург, а Наполи го скрши проклетството на гостувањата во Германија, каде никогаш досега немаше победено и убедливо славеше со 4-1.
Првиот погодок беше дело на Игуаин, играч што му носи среќа на својот тим. На 34 меча досега во дресот на Наполи, кога Гонзало бил стрелец, Наполи или победувал (26 пати) или играл нерешено (8 пати).
Расположен беше и Хамшик со два гола, а точка на ремек-делото на играчите од Неапол против Волсфбург стави Габадини. За блескава победа од 4-1. како роденденска честитка за Рафаел Бенитез. Тренерот на Наполи наполни 55 години, а подарокот е речиси сигурен пласман во полуфиналето на Европа Лигата на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)