| четврток, 6 декември 2018 |

„Денови на францускиот филм“ во Битола

Четвртата културна манифестација „Денови на францускиот филм“ почна вчеравечер во Битола со проекција на најгледаниот филмски хит „Далеку од луѓето“ на Давид Оелхофен.

Ревијата на современи француски филмови ја отвори амбасадорката Лоренс Оер, која пред публиката во Битола истакна дека манифестацијата е еден од сегментите на традиционално добрите врски меѓу Франција и Македонија.

– Оваа манифестација е посветена на т.н. ангажиран филм, односно филмови во кои тема е толеранцијата и почитувањето на другиот. Битолската публика е култивирана публика во која има многу ученици и студенти, франкофони и франкофили. Во оваа пригода сакам да издвојам дека многу ученици и студенти од Македонија благодарение на европските програми може да престојуваат на француските универзитети и училишта – рече, меѓу другото, амбасадорката Оер синоќа во Битола.

Манифестацијата „Денови на францускиот филм“ вечерва (17 април) продолжува со проекција на филмот „За луѓето и боговите“, в сабота ќе биде емитуван филмот „Добре дојде“, а в недела играниот филм „Искрени пријателства“ со што ќе заврши овој традиционален културен настан што се одржува во НУ Центар за култура-Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top