Џеваир М. (31) од село Раштански Пат бил убиен вчеравечер со огнено оружје во инцидент кој се случил во селото Љуботен близу џамијата, дознава Плусинфо од МВР.
Случајот во полиција го пријавиле лекари од специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ (стара Градска) во 22.15 часот. Тие рекле дека Џеваир бил донесен во болницата со рани од огнено оружје, при што констатирале смрт.
МВР во моментот има еден осомничен за убиството по кого трагаат, а во полициска станица се вршат разговори со неколку лица.
Наскоро се очекуваат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка