| четврток, 6 декември 2018 |

Се помалку Американци ја поддржуваат смртната казна

л од американската популација го достигна своето најниско ниво во последните четири децении или 56 проценти се за, а 38 проценти веќе се против, покажува истражувањето на центарот „Пју“, цитирано од француските медиуми.

Падот на бројот на приврзаници на смртната казна во САД е шест процентни поени во однос на 2011 година, кога тие изнесуваа 62 проценти. Овој пад почнал кон средината на 90­те години. Во 1996 година нивниот дел бил 78 проценти.

Аналитичарите сметаат дека главната причина за овој пад се демократите, меѓу кои поголемиот дел се за укинување на смртната казна. Сега само 40 проценти од нив ги поддржуваат егзекуциите, во однос на 56 проценти во 2011 година.

Истражувањето беше изведено меѓу 1.500 лица, во периодот меѓу 25 и 29 март.Сепак, 63 проценти од анкетираните се уште сметаат дека смртната казна е морално оправдана за тешките кривични дела, како убиствата, иако и 71 процент од Американците се загрижени од ризикот да се егзекутира невин човек.

Над половина Американци или 52 проценти сметаат дека има поголем ризик да се егзекутира црнец. Меѓу анкетираните, со ова мислење се согласуваат 77 проценти од црнците, 70 проценти од демократите и 60 проценти од луѓето со високо образование.

Американците во целина се лошо информирани за ситуацијата со смртната казна во САД и само малку над една третина од нив знаат дека бројот на егзекуции во земјата се намалува, забележува центарот „Пју“.

Од почетокот на годината во САД се егзекутирани 13 лица, а за целата 2014 година ­ 35 лица. Оваа бројка веќе 20 години е во постојан пад, покажуваат податоците на Информативниот центар за смртна казна (DPIC).

Во 1999 година во САД биле извршени 98 егзекуции, што беше највисоката бројка од воведувањето на смртната казна во 1976 година.

Дваесет и девет американски држави и федералната престолнина Вашингтон ја укинаа смртната казна или престанаа да ја применуваат. Три држави: Мисури, Тексас и Флорида, извршиле 80 проценти од сите егзекуции во 2014 година.

Серија особени мачни егзекуции, придружени од страдања, меѓутоа, предизвикаа бурна јавна реакција и според DPIC придонесоа за слабеењето на поддршката на Американците за смртната казна, забележуваат француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top