Администрацијата на Трамп сака да развие ново нуклеарно оружје за кое смета дека ќе ги спречи заканите по европските сојузници.
Планот се уште не го одобрил американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа агенциите.
Намерата е да се намали можноста од нуклеарен конфликт, меѓутоа, противниците на тој план сметаат дека ќе дојде до спротивен ефект.
На многу начини планот ја реафирмира нуклеарната политика на поранешниот американски претседател Барак Обама, вклучувајќи ја неговата намера да се заменат сите клучни елементи на нуклеарниот арсенал со ново, модерно оружје во наредните две децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.