| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: За „Пуч“ ќе има правна и политичка завршница

Zaev izjava PUC (4) (Custom)

Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ повтори дека за случајот „Пуч“ ќе има правна и политичка завршница.

„Очигледно зборовите правна завршница во СДСМ не сакаат да ги видат. Ние оваа вештачки креирана тема ја гледаме низ призма на внатрепартиски проблеми и местенки во СДСМ.Смешната внатрепатриска дискусија во СДСМ за наводна амнестија која несреќно ја пласираа мислејќи на нивниот лидер за потоа некој неупатени да ја рашират дека се мисли на сите е само доказ за стравот и хаотичноста кои што владеат во СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да им ги скратиме маките во дискуцијата и да ги смириме духовите во СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го повторува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кои СДСМ и деструктивните соросоиди побрзо би сакале да го заборават. За целиот овој случај ќе има правна и политичка завршница!“, пишува во соопштението на владејачката партија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top