Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании, утре во 17 часот во Охрид, ќе одржат презентација на проектот: Како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.
Настанот ќе се одржи во големата сала во општината.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град: Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



