СВР-Битола врши истрага и криминалистичко-техничко вештачење на материјалните траги врз возилата што ноќеска во 2.35 часот беа опожарени на паркингот на улицата „Маихајло Андоновски“ во Битола.
– Екипа на СВР- Битола синоќа излезе на самото место и констатира дека е опожарено паркирано патничко моторно возило „oпел корса“ со битолски регистерски таблички, при што целото е изгорено. Од настанатиот пожар се опожарени уште три возила кои се наоѓале во близина. Пожарот беше целосно локализиран од страна на екипа на битолските пожарникари. Според првичните процени предизвикана е материјална штета од 1.000.000 денари, појасни на денешната прес-конференција Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.
Oва е второ опожарено возило во Битола во последните два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



