| четврток, 6 декември 2018 |

Стефановски: Концептот на СДСМ е деструктивен

Коцептот на ВМРО-ДПМНЕ е цврста програма, нејзино реализирање и чесност, додека концептот на СДСМ се заснова на оставање на македонскиот народ на цедило, на организиран грабеж, на продавање и коцкање на судбините на македонскиот народ.

Ова го истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски, на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Свети Николе.

Правејќи паралела во концептите на политиката што ја води владејачката ВМРО-ДПМНЕ и таа на опозициската СДСМ, Стефановски истакна дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ се заснова на прогресивен концепт, а на СДСМ на деструктивен.

Потсети дека опозициската СДСМ во период од 1992 до 1996 година беше на власт кога во Р.Македонија најголем дел од граѓаните постари од 45 години тогаш останаа без работа.

-Да ве потсетам на сликите кога речиси 300.000 луѓе како реки од народ одеа по улиците и бараа социјална правда, парче леб. Да ве потесетам на една вистинска приказна во продукција на СДСМ, а не измислена во 1997 година,тоа е аферата ТАТ. На овие два концепта на деструкција на оставање на македонскиот народ на цедило, на организиран грабеж, на продавање и коцкање на нивните судбини, ВМРО-ДПМНЕ го судира со прогресивниот концепт – истакна Стефановски.

Додаде дека првпат од 2006 година граѓаните имаат можност да гласат за програма каде што точно се обврзуваме со концепти и мерки што ги реализираме.

-Периодот од 1992 година до 1996 година, кога 300.000 граѓани останаа без работа, ние го судривме со концептот на отворање нови работни места, борба за странски инвестиции, за браунфилд инвестиции, борба за овозможување на луѓето да остварат право на самовработување и на концептот на 300.000 невработеност по основа на приватизацијата од 1992 година до 1996 годин ние го судираме концептот на пад на невработеноста, од 2006 до 2015 година има 138.000 вработувања. Концептот на ТАТ ние го судривме со континуиран раст на БДП, континуиран пораст на македонската економија, пораст на извозот и фискална стабилност и дисциплина на целиот сектор – истакна директорот на ФЗОМ.

Тој посочи дека на големата лага на СДСМ дека од 2001 до 2002 година ќе вработи по еден член од секое семејство, ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави со концептот на егзактни податоци, кои се достапни во статистиката и секој може да ги види.

-СДСМ се соочува со целосно фијаско на својата политика во немоќ да одговори на нашата политичка опција го одбра начинот да ја поткопува државноста на  Р.Македонија, ги загрозува безбедносните капацитети на државата, го валка образот на Р.Македонија каде што ќе стигне во светот и се обидува на едно крајно подмолен, нечесен, креиран начин да ги клекне институциите на колена – рече Стефановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top