| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров го прегази Вавринка во Монте Карло

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го прегази подоброрангираниот Станислас Вавринка во осминафиналето на турнирот од мастерс-серијата во Монте Карло. За неполн час, или поточно за само 56 минути, 11. тенисер на светската ранг-листа победи со 6-1, 6-2 и ќе игра во четврт-финалето.

Со него меѓу осумтте најдобри се пласира и Милош Раониќ по триумфот од 6-3, 3-6, 6-3 против Томи Робредо, а останатите дуели се во тек, односно дел од нив треба да се играат во текот на денешниот ден.

Mexican Open

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top