„Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, в петок, на 17 април, во 20 часот, во киното „Милениум“, ќе почне 18. издание на „Скопски филмски фестивал“.
– Филмот е сниман кон крајот на 2013 година и е дело направено според новелата и романот „Уво“ на чешкиот писател Јан Прохаска. Романот е преработен и според него е снимен филм во 1969 година, кој потем бил забранет од власта, а самото сценарио е прогласено за едно од најдобрите во историјата на чешката кинематографија – рече продуцентот на филмот.
До 24 април, во рамките на осумте фестивалски дена, во неколку програмски целини (главна, програми на светски, авторски, документарни, кратки и анимирани дела) ќе бидат прикажани повеќе од 60 филмови од најновата светска, европска и македонска продукција. Меѓу нив публиката ќе има можност да ги види победникот на последниот Берлински филмски фестивал, филмот „Такси“ на славниот ирански режисер Џафар Панахи, како и добитникот на „Оскар“ за најдобар документарен филм за 2014 година, „Граѓанинот четири“. Тука се и „Забранета соба“ (2015) на режисерот Гај Мадин, за кој се вели дека претставува фасцинантен филмски експеримент, македонската актерка Наташа Петровиќ ќе ја видиме во една од улогите во премиерата на германско-австралиската копродукција „Еликсир“ во режија на Броди Хигс, а во рамките на селекцијата авторски филм ќе биде прикажан „Новата пријателка“ на миленикот на скопската фестивалска публика Франсоа Озон.
Во рамките на СФФ ќе бидат одржани неколку работилници и мастер класи, ќе има и специјални гости, а освен во „Милениум“ проекциите ќе се одржуваат и во Кинотека на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.