| четврток, 6 декември 2018 |

Љубчо Георгиевски: „Пуч“ прво треба да има правно-судска разрешница, па потоа политичка (видео)

Ljubco Georgievski za sajt
За случајот „Пуч“, во кој е инволвиран лидерот на СДСМ, Зоран Заев, мора да има правно-судска разрешница – смета поранешниот премиер на Македонија и актуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Тој во „Анализа 24“ посочи дека по судската треба да има и политичка разрешница за аферата со прислушувањето.

– Колку и да сум опозициски настроен кон оваа власт и мислам дека сум најцврстиот идеолошки критичар на власта, но не можам слепо да ја прифатам тезата дека на некој во Македонија може да му текне од позиција на службеник во Управа за државна безбедност да снима телефонски броеви што ќе му текнат и на начин како ќе му текне. Има една работа. Ние денеска слушаме најпикантни разговори, меѓутоа за да извадите 10 минути пикантни разговори на Миле Јанакиевски, вие треба да го снимате 24 часа. Имате еден час пикантни разговори на Гордана Јанкуловска која во исто време е министер за внатрешни работи. За да го извадите тој час пикантни разговори, вие министерот за внатрешни работи треба да го снимите 24 часа дневно. Сметам дека тоа не е дозволиво. И затоа мојата теза е дека решението на оваа криза треба да има правно- судска разрешница, па потоа политичка разрешница. Значи, спој на двете работи – вели Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top