| четврток, 6 декември 2018 |

Спиро Ристовски: Реконстуирани шест училишта во Светиниколско, на ред е седмото

Spiro-Ristovski-int120-740x320-top
Заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, на вчерашната трибина во Свети Николе се осврна на проектите кои во текот на минатите години се реализирани во образованието. Тој истакна дека во Свети Николе се реконструирани вкупно шест училишта и дека седмото во село Ерџелија ќе се реконструира во наредните месеци.

– Со 67 отсто зголемен буџет во образованието за период од девет години, со 70 нови изградени и 350 реконструирани училишта, бесплатно образование и воведен концепт на образовен процес еквивалентен на еден од најдобрите во светот – англискиот – е само дел од владиниот влог во иднината на младите генерации во Македонија – подвлече заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top