Еден од главните играчи на Порто, Рикардо Кварезма, на синоќешниот дуел во рамките од Лигата на шампионите против Баерн Минхен успеа да постигне два гола и да потсети на славните моменти од неговата кариера.
Порто успеа да го совлада баварскиот гигант со 3-1 и со солидна предност да патува на реваншот на „Алијанц Арена“.
– Одлично се подготвивме за овој натпревар. Задоволен сум од мојата игра, но и од целиот тим кој одигра фантастичен натпревар. Бевме фокусирани во подготовките за овој меч. Голаманот на Баерн, Мануел Нојер е најдобриот голман во светот, а ние успеавме да постигнеме три гола. Нема еуфорија во екипата затоа што знаеме што не чека во реваншот. Прво следи натпреварот со Академика во домашното првенство, а потоа ќе се фокусираме на мечот во Минхен. Ова беше магична ноќ за Порто, но нема време за славење и еуфорија – истакна најдобриот играч на Порто, Рикардо Кварезма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.