| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина за литературата за деца во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе се одржи трибина на тема „Актуелните аспекти на литературата за деца“.

Воведни излагања на трибината ќе имаат д-р Атанас Николовски, д-р Јелица Николовска, Стојан Тарапуза и Трајче Кацаров, а во работата на овој собир ќе учествуваат и наставници по македонски јазик, претставници на издавачкиte куќи и списанија, писатели за деца и читатели.

Трибината се одржува во рамките на кампањата на Друштвото на писателите на Македонија за поддршка на литературата за деца за која интересот е сè помал.

ДПМ оценува дека ваквата неповолна ситуација зависи од повеќе фактори, меѓу кои од издавачите, списанијата, библиотеките, но и од самите автори, со оглед на фактот дека има сè помалку писатели од поновите генерации што се јавуваат со дела во оваа област.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top