Сокол Митровски изрази уверување дека грѓаните ќе му ја дадат довербата за следните четири години и дека ќе победи уште во првиот изборен круг изразувајќи надеж дека со победа ќе може да ги реализира новите 150 проекти за Ѓорче.
– Сакам да нагласам дека проектите и програмските определби што ги презентиравме беа дел од нашето заедничко контактирање. Цела година работевме заедно со граѓаните на општината Ѓорче Петров и имавме многубројни контакти во урбаните и во месните заедници – посочи Митровски.
Тој уште еднаш им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка, но и на медиумите за следењето на неговите активности во предизборната кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.