| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на археологот Ендру Вилсон од „Оксфорд“ во Археолошкиот музеј

Угледниот професор Ендру Вилсон од Универзитетот „Оксфорд“, кој е водечко име во областа на римската археологија, од 12 до 18 април престојува во Скопје, каде што ќе одржи неколку предавања. Денешното излагање со наслов „Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy“ ќе се одржи во 12 часот на во Археолошкиот музеј.

Покрај наведените предавања, кои се резултат на соработката меѓу Филозофскиот факултет во Скопје со Универзитетот во Оксфорд, професорот Нилсон ќе одржи уште едно предавање в петок (17 април) во Археолошкиот музеј на Македонија, заедно со професорката Драгана Младеновиќ од Универзитетот во Единбург и Ине Џејкобс од Оксфорд. Темата е „Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy“.

Предавањата на Ендру Вилсон се овозможени со поддршка на фондацијата „Кирил Трајковски“ од Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top