Таа посочи дека за потребите на граѓаните ќе се исполнат и други проекти, кои досега ги нема дадено како ветување пред нив.
Куновска го најави проектот „Пола рата за градинките“.
– Направивме пресметка и заклучивме дека општината може да им излезе в пресрет на родителите, а со тоа и на домашниот буџет на околу 2.000 семејства во Карпош. Досегашниот месечен надомест за градинките изнесуваше .1490 денари, а доколку јас станам градоначалник на Карпош, надоместот ќе се преполови и ќе изнесува 745 денари. За годишниот буџет на родителите ова ќе значи заштеда од скоро 9.000 денари – истакна Куновска.
За општина Карпош ова ќе значи трошок од 280.000 евра годишно, средства што ќе се заштедат од проектот за енергетска ефикасност на градинките.
Куновска истакна дека грижата за децата е еден од главните приоритети и во таа насока вети низа проекти:
– Изградба на градинка во општина Карпош
– Вредносни ваучери од 18.000 денари за учениците од социјалнозагрозените семејства
– Стипендии од 6.000 денари за најдобрите ученици, студенти и спортисти
– Бесплатна екскурзија за учениците од сите основни училишта еднаш годишно
– Изградба и реконструкција на спортските сали
– Проекти за опремување на училишните кабинети и многу други.
Кандидатката за градоначалничка на Карпош од владејачката коалиција ги повика сите граѓани од општината во недела да излезат и да гласаат за неа за заедно да работат за подобра иднина на Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.