Поранешниот заменик-претседател на украинската Врховна Рада, Олег Калашников, вчера е убиен во својот дом во Киев, соопшти украинската полиција.
Телото на поранешниот украински парламентарец, кој беше член на Партијата на регионите на поранешниот претседател Виктор Јанукович, беше пронајдено синоќа во неговата куќа, потврди украинското Министерство за внатрешни работи и додаде дека смртта настапила од огнено оружје.
Француските медиуми наведуваат дека полицијата отворила истрага за случајот.
Калашников е четвртиот сојузник на соборениот украински претседател кој во изминатите два месеца умира под сомнителни околности.
Тројца поранешни пратеници на украинскиот Парламент, блиски до соборениот Јанукович, во март беа пронајдени мртви во земјата, а Партијата на регионите, која е „замрзната“ од смената на Јанукович, смета дека тоа е последица на прогонот на поранешниот претседател од страна на новата киевска прозападна влада.
И 33-годишниот син на Јанукович, Виктор, минатиот месец загина откако неговиот автомобил, наводно, одеднаш пропаднал во мразот на Бајкалско Езеро, во источниот дел на азиска Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија