| четврток, 6 декември 2018 |

Младинците на Вардар нападнати на мечот со Шкупи (ФОТО)

cairtepacka

Полуфиналната пресметка помеѓу младинските екипи на големите градски ривали Шкупи и Вардар имаше несреќен крај, откако по последниот судиски свиреж настана вистински хаос на теренот, по кој најдебелиот крај го извлекоа вардаровите деца, пишува „Спортмедиа“.

cair

Според информациите на порталот, фудбалерите на Вардар протестираа кај главниот судија поради предвремено отсвирениот крај, но нивните протести кај главниот арбитар наидоа на негодување кај противничките фудбалери, кои набрзо физички ги нападнаа своите колеги. Освен тоа, во теренот влетаа и домашни навивачи, кои денес во сосема солидна бројка го бодреа својот клуб и ги нападнаа вардаровите младинци, кои спасија жива глава благодарение на брзата интервенција на полицијата, како и на лицата од стручниот штаб на Шкупи.

На повреди се жалеле четворица од нападнатите фудбалери, кои биле удирани по главата и по телото.

Шкупи победи со 2-0 и се пласира во финалето бидејќи на првата средба загуби со 2-1.

Повеќе фото на sportmedia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top