| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка му се нафрли на директорот на ЕЦБ (ВИДЕО)

Draghi resumes ECB press conference after being attacked by protester

Во текот на денешната прес-конференција во седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ) една девојка се нафрлила врз Марио Драги, претседател на оваа финансиска институција од Франкфурт и предизвика кус прекин на настанот, јави агенцијата Фена.

Девојката на возраст од околу дваесетина години, која се вмешала меѓу новинарите, се качила на масата пред Драги и на англиски јазик извикнала „прекинете ја диктатурата на ЕЦБ“, зборови што ги имала напишано и на маицата што ја носела, а притоа фрлала и конфети, раскажа новинар, кој бил присутен на настанот.

Draghi resumes ECB press conference after being attacked by protester

Прес-конференцијата била во прекин неколку минути и девојката била одведена надвор од салата. Средбата со новинарите потоа продолжила со нормалниот тек, а Драги не направил никаква алузија, освен што настанот го продолжил за да го „надополни изгубеното време“.

Draghi resumes ECB press conference after being attacked by protester

На ЕЦБ често пати се гледа како на главниот виновник на политиката на штедење во неколку европски земји и затоа таа постојано е подложена на остра критика.

Инаугурацијата на неговото ново седиште во Франкфурт резултираше со големи демонстрации против штедењето и капиталистите, кои собраа илјадници луѓе и на моменти имаше и насилство.

Безбедносните процедури за влез во зградата на ЕЦБ се престроги и никој кој претходно не е впишан на списокот на гости не може да присуствува на прес-конференциите, што се оддржуваат секои шест недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top