Женска тениска репрезентација на Македонија е поразена од Молдавија со 2:1 во дуелот од 2.коло на Федерејшн купот.
Во рамките од Третата Евро-Африканска на Федерејшн купот, чии мечеви се играат во црногорскиот град Улцињ, македонските тенисерки не успеаја да ја остварат втората победа, откако вчера беа подобри од Намибија со максимални 3:0.
Во првиот меч Магдалена Стоилковска не успеа да освои ниту еден гем во дуелот со Даниела Чиобану која славеше победа со 2-0 по сетови 6:0 и 6:0.
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓирчевска покажа дека е во одлична форма, па на својата противничка Анастасија Вдовнко и препушти само два гема (6:0 и 6:2), со што го израмни резултатот на 1:1.
Во решавачкиот меч, во игра на двојки, Ѓорческа и Стоилковска загубија од Александра Перпер и Јулија Хелбет во два сета првиот во тај-брејк со со 7:6 (7:1), а вториот со 6:3 во гемови, за конечни 2:1 за Молдавија.
Утре нашите тенисерки ќе играат против селекцијата на Мозамбик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.